Писмо до Претседателот Барак Обама
ancient-scholars@macedonia-evidence.org
18 мaj 2009
Уважен Барак Обама,
Претседател, Соединети Американски Држави
Бела Куќа
1600 Авенија Пенсилванија NW
Вашингтон, О.К. 20500
Ние, долупотпишаните професори на грчко-римската древност, учтиво побаруваме да интервенирате да се исчисти дел од историскиот смет оставен во Југоисточна Европа од претходната администрација на САД.
На 4-ти ноември 2004, два дена пред повторниот избор на Претседателот Џорџ В. Буш, неговата администрација еднострано ја призна „Република Македонија“. Оваа акција не само што ги видоизмени географските и историските факти, туку ослободи опасна епидемија на историски ревизионизам, од кој најочебијните симптоми се присвојувањето од владата во Скопје на најпознатиот Македонец, Александар Велики.
Ние веруваме дека оваа глупост отиде предалеку и дека САД немаат работа да подржуваат субверзија на историјата. Ајде да ги прегледаме фактите. (Документацијата за овие факти [тука во дебели букви] може да се најде прикрепена и на: http://macedonia-evidence.org/documentation-fyrom.html).
Земјата за која станува збор, со Скопје како современ главен град, беше наречена Пајонија во древноста. Пл. Барнос и Орбелос (кои ги вообличуваат денес северните меѓи на Грција) обезбедуваат природна бариера која ги одделувала и ги одделува Македонија од нејзиниот северен сосед. Единствена вистинска врска е преку реката Аксиос, Вардар и дури оваа долина не оформува линија на комуникација бидејќи е поделена со клисури.
Иако е точно дека Пајонците биле потчинети од Филип Втори, таткото на Александар, во 358 г. п.н.е., тие не беа Македонци и не живееа во Македонија. Исто така, на пример, Египтјаните, кои беа потчинети од Александар, беа владеени од Македонците, вклучително и од прочуената Клеопатра, но тие никогаш не беа самите Македонци, и Египет никогаш не бил нарекуван Македонија.
Попрво, Македонија и македонските Грци беа сместени за барем 2.500 години токму таму каде е современата грчка провинција Македонија. Точно истата релација е вистинска за Атика и атинските Грци, Аргос и аргоските Грци, Коринт и коринтските Грци, итн.
Ние не разбираме како современите жители на Пајонија, кои зборуваат словенски – јазик воведен на Балканот околу милениум по смртта на Александар – можат да го присвојуваат како нивен национален херој. Александар Велики бил целосно и неоспорно Грк. Неговиот пра-пра-прадедо, Александар Први, се натпреварувал на Олимписките игри каде учеството беше ограничено на Грци.
Дури пред Александар Први, Македонците го лоцираа своето потекло во Аргос, и многу од нивните кралеви ја употребуваа главата на Херакле – суштествениот грчки херој – на нивните монети.
Еврипид – кој умрел и бил погребан во Македонија – ја напиша својата пиеса Архелај во чест на прастрикото на Александар, и тоа на грчки. Додека бил во Македонија, Еврипид исто ја напиша Бахаи, повторно на грчки. По презумпција, македонската публика можеше да разбере тоа што тој напишал и тоа што го слушале.
Татко му на Александар, Филип, добил неколку коњанички победи во Олимпија и Делфи, двете најхеленски од сите светилишта во древна Грција каде на Негрците не им беше дозволено да се натпреваруваат. Уште позначајно, Филип беше назначен да ги раководи Питијските игри на Делфи во 346. г.п.н.е. Со други зборови, татко му на Александар Велики и неговите предци беа целосно Грци. Грчкиот беше јазик ползуван од Демостен и неговата делегација од Атина кога му упатија посети на Филип, исто така во 346 г.п.н.е. Уште еден северен Грк, Аристотел, отиде да студира за скоро 20 години во академијата на Платон. Аристотел последователно се вратил во Македонија и станал тутор на Александар Трети. Тие ползувале грчки во нивната училница која сé уште може да се види близу Науса во Македонија.
Александар го носел со себе низ своите освојувања Аристотеловото издание на Хомеровата „Илијада“. Александар исто така ги ширел грчкиот јазик и култура низ неговата империја, основајќи градови и воспоставувајќи центри за учење. Оттаму натписи кои се однeсуваат на такви својствени грчки институции како што е гимназиумот се наоѓаат дури во Авганистан. Сите тие се напишани на грчки.
Се поставува прашањето: зошто грчкиот беше lingua franca преку целата Александрова империја ако тој бил „Македонец“? Зошто беше Новиот Завет, на пример, напишан на грчки?
Одговорите се јасни: Александар Велики беше Грк, а не Словен, и Словените и нивниот јазик не беа никаде блиску до Александар или неговата татковина сé до 1.000 години подоцна. Ова нé носи назад до географската област позната во древноста како Пајонија. Зошто луѓето кои живеат таму се нарекуваат себеси Македонци и нивната земја Македонија? Зошто тие зграпчуваат целосно грчка фигура и прават од него нивен национален херој?
Древните Пајонци можеби биле или можеби не биле Грци, но тие секако станаа грковидни, и тие никогаш не биле Словени. Тие исто така не биле Македонци. Древна Пајонија била дел од Македонската Империја. Исто тоа беа Јонија и Сирија и Палестина и Египет и Месопотамија и Вавилон и многу други. Така, тие можеби станаа „македонски“ привремено но ниту една од нив не беше „Македонија“. Кражбата на Филип и Александар од земја која никогаш не била Македонија не може да биде оправдано.
Традициите на Древна Пајонија можат да бидат усвоени од сегашните жители на тоа географско подрачје со значително оправдување. Но издолжувањето на географскиот термин „Македонија“ да ја покрие јужна Југославија не е можно. Дури во доцниот 19-ти век, оваа злоупотреба подразбирала нездрави територијални аспирации.
Истата мотивација се гледа во училишни мапи кои ја покажуваат псевдо-голема Македонија, протегнувајќи се од Скопје до пл. Олимп и со ознаки на словенски. Истата мапа и нејзините тврдења се на календари, налепници, банкноти итн., кои циркулираат во новата држава постојано од кога таа ја прогласи својата независност од Југославија во 1991. Зошто сиромашна земја без излез на море прави таков историски нонсенс? Зошто безобразно го исмејува и дразни својот сосед?
Како год некој да сака да го карактеризира таквото однесување, тоа јасно не е сила за историјска точност ниту за стабилност на Балканот. Тажно е што Соединетите Американски Држави го помогнаа и охрабрија таквото однесување. Ве повикуваме вас, г-не Претседател, да помогнете – на било кој начин кој го сметате за соодветен – на Владата во Скопје да разбере дека не може да изгради национален идентитет на трошок на историската вистина. Нашето заедничко меѓународно општество не може да преживее кога историјата е игнорирана, уште помалку кога историјата е фабрикувана.
Искрено,
Притиснете тука, да го видите списокот на научниците кои го потпишаа писмото до Претседателот Обама.
cc: J. Biden, Vice President, USA
H. Clinton, Secretary of State USA
P. Gordon, Asst. Secretary-designate, European and Eurasian Affairs
H.L Berman, Chair, House Committee on Foreign Affairs
I. Ros-Lehtinen, Ranking Member, House Committee on Foreign Affairs
J. Kerry, Chair, Senate Committee on Foreign Relations
R.G. Lugar, Ranking Member, Senate Committee on Foreign Relations
R. Menendez, United States Senator from New Jersey
Letter to President Obama
-
- On May 18th, 2009,
200 Classical Scholars from around the world, sent a letter to the President of the United States of America, Barack Obama. - On June 22nd, 2009,
an update with 332 signatures was sent.
Since then, the list of cosigners has grown to 376, see Addenda.
- On May 18th, 2009,
Macedonian coin, stating in Greek: "ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΥ"
(in English: "ALEXANDER'S")