Античка Македонија, Историја - Често поставувани прашања
1) Како може Александар I да биде Грк ако е наречен „Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
2) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
3) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртиј и Плутарх?
4) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
5) Зарем Демостен не го нарече Филип „варвар“; тоест, Негрк?
6) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?
7) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?
8) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?
9) Што значат имињата Филип и Александар?
10) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?
11) Зарем Херодот не ги поддржува современите генетски проучувања кои покажуваат дека Грците се поврзани со суб-сахарските народи додека Македонците се поврзани со медитеранските народи?
Ако имате повеќе прашања околу Древна Македонија, можете да ги прашате историчарите преку имејл до SavingAlexander@macedonia-evidence.org.
Одговорите ќе бидат објавени на овие ЧПП.
1) Како може Александар I да биде Грк ако е наречен „Филхелен“? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
Филхелен (φιλέλλην) или Гркољубец често се ползува за Негрци, но исто така е добро познат израз како опис на Грци кои се жртвуваат себеси за општото добро. На пример, во устројувањето на неговата совршена држава, Платон препорачува граѓаните да бидат и Грци и Филхелени (Република 470E). Но зборот исто така се ползува да опише специфични историјски карактери како Агесилај од Спарта кој како добар Грк бил Филхелен (Ксенофон, Агесилај 7.4). Видете понатаму Liddell, Scott, Jones, A Greek-English Lexicon sv. Φιλέλλην.
2) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
Не. Натписите од Македонија се сите напишани на атички (коине) грчки или на грчки дијалект кој бил хибрид кој содржел дорски и аеолски елементи. Ова е македонскиот дијалект на грчкиот. Ако древните документи сочувани денес на камен ги откриваат само овие две возможности, јасно е дека нема основа за одвоен јазик.
Може да се забележи дека Платон (Протагора 314C), осврнувајќи се на аеолскиот дијалект на лезбијските автори, го нарекува „варварски“ со што можеби мислел груб или нерафиниран, но сéедно грчки.
Можно е да се забележи дека кога римскиот освојувач од 167 г.н.е., Аемилиј Паул, ги повика заедно представниците на поразените македонски заедници, неговите латински прогласи беа преведени за добробит на собраните Македонци на грчки (Ливиј 45.29).
3) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртиј и Плутарх?
Квинт Куртиј (6.9.34-36) го содржи Александар како му дава на заговорникот Филота возможност да се брани себеси пред неговите македонски трупи, и прашува дали Филота ќе зборува на нив на нивниот домашен јазик (patrio sermone на латински). Нема начин, сепак, да се знае дали референцата е кон посебен јазик или кон дијалект на грчкиот. Древниот текст може да ги дозволи двете интерпретации.
Истото е вистина кога, во средината на епизодата со Клеитос, Александар ги повикува своите стражари на „македонски“ (Плутарх, Александар, 51.6) и кога македонските војници го поздравуваат Еуменес на „македонски“ (Плутарх, Еуменес 14.5). Во секој случај, македонскиот би можел да биде грчки дијалект попрво отколку посебен јазик.
Овие стории не можат да бидат ползувани како доказ за македонски негрчки јазик, но наместо тоа тие се однесуваат на македонскиот дијалект на грчкиот. Така, на пример овој пасаж „ние двајцата ќе зборуваме како луѓето од Парнас - ќе го имитираме фокискиот јазик“ (Есхил, Хеоефори 563-564), го спомнува фокискиот дијалект на грчкиот, не негрчки јазик, ползуван од луѓето кои живееле околу Пл. Парнас.
4) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
Ова прашање често се поставува за Македонија, но не за хелотите од Лаконија или пенестите од Тесалија. Фактички, не постои доказ дека обичните луѓе од Македонија не биле Грци, дури и ако дефинитивен доказ на нивната народност не е сочуван. Но доказите растат – и од археолошки артефакти и од лингвистиката – дека тие биле Грци. Забележете ја, на пример, клетвената плоча од 4. век п.н.е. која била откриена во заедничка гробница во Пела и е напишана во тоа што бил македонски дијалект на грчкиот кој делел елементи од дорските северозападни краеви на Грција и аеолските од Тесалија. Видете ја статијата „Говорот на древните Македонци, во светлина на современите епиграфски откритија" - "The speech of the ancient Macedonians, in the light of recent epigraphic discoveries".
5) Зарем Демостен не го нарече Филип „варвар“; тоест, Негрк?
Да, тој го прави тоа. Но преку фактот дека Демостен негувал лична нетрпеливост кон Филип пради неговото понижување кое го претрпел кога ја загубил неговата моќ на говор на македонскиот суд (Аихинес, „Околу пратеништвото“ 35), Демостен можел да го нарече секого кој не му се допаѓал како варвар, вклучително ближни Атињани (на пример, 21.150) . Зборот, барем во некои употреби од Демостен и други, треба да се разбере како генеричка навреда. Така, на пример, во некои делови на САД луѓето се сомничави дека луѓето од другите краеви се „вистински Американци“.
6) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?
Да, но ова е политичка разлика, не етничка. По Битката кај Хајронеја во 338 г.п.н.е. Филип ја оформил „Хеленската Лига“ (често нарекувана „Коринтска Лига“ од современите научници по местото на првата средба). Тој беше водач (ηγεμών) на лигата, но бил и се уште беше крал (βασιλεύς) на Македонците. Постоеше, со други зборови, многу изразена разлика во односите помеѓу Филип и неговите сојузници на една и неговите потчинети од друга страна. Лигата беше воглавном околу подготовката за и учеството во инвазијата на Персискката Империја, и бројот на гласовите на различните грчки држави или области беше доделен врз основа на големината на војниот придонес на секоја од нив. Членството во Лигата беше, барем во теорија, доброволно, и Спарта одби да се придружи и не беше присилена на тоа. Но македонскиот контингент беше присатен како потчинет на нивниот крал. Со други зборови, разликата беше не дека Македонците не беа Грци, туку дека здружените Грци не беа Македонци, и Александар ги задржа институциите на неговиот татко.
Една последица на овој аранжман се препознава во посветата направена од „Александар и Грците“ (Аријан, Анабасис 1.16.7 и Плутарх, Александар 16.18). Ова е иста разлика како онаа помеѓу Македонците и Грците.
За изворите и добар коментар на некои потешки докази, видете го M.N. Tod, Greek Historical Inscriptions II, no. 177. За поцелосни наративни прикази видете го J.R. Ellis, Philip II and Macedonian Imperialism 204-209 and I. Worthington, Philip II of Macedonia 158-163.
7) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?
На ист начин како што Грците се бореле еден против друг толку многу пати вклучувајќи го најпознатиот пример на Спартанци против Атињани во Пелопонеската војна.
Но Филип бил всушност кај Хајронеја на покана на Делфијскиот Амфиктионски Совет. Веќе во 346 г.п.н.е тој ја доби Третата Света Војна во полза на советот и му беше доделено место во тој совет (каде ниту еден Негрк не служел). Сега, во 338 г.п.н.е. Афиктионскиот Совет го повика уште еднаш, и Демостен, Филипомразецот, е тој кој го бележи актуелниот декрет на покана од Советот (De Corona 18,155).
Двете страни во битката беа целосно Грци. Едната страна (крајните губитници) беше предводена од Атина и Теба, кои заедно обезбедија повеќе од 60% од силите. На нив им се придружија Коринт, Мегара, Акарнанија, Фокис, Ахаја, Еубоја, Леука и Керкира (Демостен, De Corona 18.237). Забележете ги оние кои недостасуваат: Спарта, Елис, Аигина, Епидаур и многу други.
Другата страна беше доминирана од Македонци, но постоеа и значителен број на Тесалијци како и Аргивци и Аркадијци (Демостен, Писма 4.8). Со други зборови, како многупати низ нивната историја, Битката кај Хајронеја беше на Грк против Грк.
8) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?
Одлично прашање.
9) Што значат имињата Филип и Александар?
Двете се чести грчки имиња ползувани од стотици, ако не и илјадници древни Грци.
Името Филип доаѓа од philippos или „љубител на коњи“; фактот дека коњите на Филип Втори добија толку многу победи во Олимпија, Делфи и на други места е веројатно само случајност, но среќна.
Името Александар потекнува од комбинација на два грчки збора: alexo (глагол кој значи да се брани или заштитува) и aner (маж). Заедно значењето е „бранење на мажи“ или „заштита на мажи“.
10) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?
Од иста причина поради која Атињаните се нарекувале себеси Атињани. Кога, на пример, Демостен зборува на неговите ближни сограѓани, тој ги нарекува ’мажи на Атина‘ (на пример De Corona 18.251), не ’мажи на Грција‘.
Забележете дека веќе во 479 г.п.н.е. во зората на битката на Плетеја, Александар Први, присилен од околностите да биде во персискиот табор (како што беа други Грци како Бојотијанците и Тесалијците), тајно го откри на Атињаните персискиот план за борба. Тој го оправда ова дејствие изјавувајќи ја неговата грижа за цела Грција бидејќи тој, од древно потекло, е Грк (Херодот 9.45). Јасно е дека Александар немал сомнеж за неговата народност.
11) Зарем Херодот не ги поддржува современите генетски проучувања коj покажуваат дека Грците се поврзани со суб-сахарските народи додека Македонците се поврзани со медитеранските народи?
Прашањето изгледа потекнува од изјавата на Арназ-Вилена (кој го користи терминот "Македонци " за означување на современиот словенски народ кој живее во античка Пeонија). "Херодот тврди дека ќерките на Данај (кои беа црни) дојдоа во Египет како големо множество да воспостават присаство во Грција".
Херодот ги споменува ќерките на Данај двапати (2.171 и 2.182) но не кажува ништо за нивната боја или бројност. Всушност, според Есхил, "Молителките" 276-330., ќерките на Данај го бараа своето потекло од Ио, родум од Аргос. Поинаку кажано, тие биле од грчки род, и историјата по Арназ-Вилена е погрешна.
Ние не сме генетичари и немаме експертиза во биолошките науки, затоа ние не сме во можност да коментираме за вредноста на генетските проучувањата на Арназ-Вилена. Сепак, Вие може сакате да ја погледнете деталната, основана врз докази, критика на неговите теории од перспективите и на генетиката и на историјата:http://greek-dna-sub-saharan-myth.org/greeks-sub-saharan.html.
Letter to President Obama
-
- On May 18th, 2009,
200 Classical Scholars from around the world, sent a letter to the President of the United States of America, Barack Obama. - On June 22nd, 2009,
an update with 332 signatures was sent.
Since then, the list of cosigners has grown to 376, see Addenda.
- On May 18th, 2009,
Macedonian coin, stating in Greek: "ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΥ"
(in English: "ALEXANDER'S")