Документација за писмото до Претседателот Барак Обама
Присвојување. . . . на Александар Велики : во поново време дури и татко му на Александар, Филип, исто така беше грабнат:
Кога Македонија го преименува скопскиот аеродром во Александар Велики во 2007, ова изгледаше како еднократен удар да се изнервираат Грците. Во поново време, сепак владата ја прошири политиката која е наречена „антиквизација“ од страна на опозицијата. Главниот пат до Грција беше преименуван во Александар, а националниот спортски стадион именуван по неговиот татко, и се спроведуваат планови да се подигне голема статуа на Александар во центарот на Скопје.
Дури и популарното, но наводно сериозно периодично списание Archaeology , публикација на Археолошкиот Институт на Америка, неодамна (јануари - февруари 2009) објави статија со име „Поседувајќи го Александар: современа Македонија ги положува своите побарувања на оставштината на древниот освојувач“ ("Owning Alexander: Modern Macedonia lays its claim to the ancient conqueror’s legacy").
наречена Пајонија во древноста : географската ситуација е рашчистена со извештајот на Ливи за создавање на римската провинција Македонија во 146 г.п.н.е. (Livy 45. 29. 7 and 45. 29. 12). Земјата северно од пл. Барнос и пл. Орбелос беше населена со Пајонци. Природната бариера обликувана од овие планини мора да биде признаена (целиот домен протегнувајќи се до исток и запад на Стримон; западниот планински венец е на современиот Белес или Керкини со височина од 1474 метри) има максимална височина кон истокот од 2211 метри.
Страбон, пишувајки неколку години пред раѓањето на Христос, е дури повеќе кус кажувајќи дека Пајонија беше северно од Македонија и дека единствената врска помеѓу едната и другата беше (и е сé уште денес) низ тесниот кланец на реката Аксиос (или Вардар).
не оформува линија на комуникација : M. Sivignon, in M. Sakellariou (ed) Macedonia (Athens 1982) 15.
потчинети од Филип Втори : Diodorus Siculus 16. 4. 2 види исто така Демостен (Olynthian 1. 23) кој ни кажува дека тие биле „поробени“ од Македонецот Филип и јасно, затоа, не биле Македонци. Исократ (5. 23) ја прави истата поента.
за барем 2. 500 години : види, на пример, Херодот 5. 17, 7. 128, et alibi.
околу милениум по смртта на Александар : за првата појава на Словените на Балканот во средината на 6от век по Христос, видете го Walter Pohl, „Justinian and the Barbarian Kingdoms, “ во Michael Maas (ed. ), Age of Justinian (Cambridge 2005) 469-471; за нивниот разрушувачки пат низ Грција во 580те, видете Anna Avramea, Le Péloponnèse du IVe au VIIIe siècle, changements et persistances (Paris 1997) 67-80
целосно и неоспорно Грк : во зборовите на таткото на историјата, „се случи да знам дека [прататковците на Александар] се Грци“ (Херодот 5. 22). Датумот кога Александар Први се натпреваруваше на Олимпија не е сигурен, но секако се случил помеѓу 504 и 496 г.п.н.е. Тој ги воспостави неговите хеленски корени со претражување на неговите предци назад до Аргос и на крај, до Херакле. Оттаму монетите со главата на Херакле главата на Херакле кои носат кожа од Немејски Лав од Архелај и Аминта, меѓу останатите.
Еврипид - кој умрел и бил погребан во Македонија : Тихидиј apud Pal. Anth. 7. 45; Паузаниј 1. 2. 2; Диодор Сицилиски 13. 103. Некои современи научници се сомневаат во оваа традиција, но не дека Еврипид поминал време во Македонија.
Филип, добил неколку коњанички победи во Олимпија и Делфи : Плутарх, Александар 3. 9 и 4. 9; Moralia 105A. , Филип ги пропагираше своите победи и последично неговата грчка припадност, со ковање монети за одбележување на тие победи. Долу е сребрена монета со главата на олимписки Зевс на аверсот и победничкиот коњ на Филип на реверсот, означен со неговото име „на Филип“ на грчки. Златна монета со главата на Аполон од Делфи на аверсот, и Филиповата победничка кочија со два коњи на реверсот, повторно означена со неговото име „на Филип“ на грчки.
раководи Питијските игри : Диодор Сицилијски 16. 60. 2
делегација од Атина : делегација од Атина : видете ги inter alios, Демостен, De Falsa Legatione, and Ајхинес, De Legatione. Тоа се тиради на Демостен против Филип (нпр. 9. 30-35 во кој тој го нарекува Филип не само „ниту Грк, ниту род на Грците, ниту дури варвар од некое место кое може да се нарече добро“) кои дадоа впечаток дека Македонците не беа Грци, но Демостен имаше тенденција да ги нарекува сите негови непријатели варвари, дури и ближни Атињани (нпр. 21. 150).
Уште еден северен Грк, Аристотел : бидејќи родниот град на Аристотел, Стагира, беше воспоставен во 7-от век п. н. е. пред Македонците да го развијат нивното кралство, Аристотел не може да се нарече домороден Македонец, иако неговиот татко, Никомах, беше пријател и доктор на Аминта Трети (393-396) според Диоген Лаертиј 5. 1. Филип подоцна, како дел од неговото осовојување на Халкидики во целина во 348 г.п.н.е. (Демостен 19. 266), изгледа ја срамнил Стагира, но повторно ја изградил во 342 г.п.н.е. на барање од Аристотел (Диоген Лаертиј 5. 4). Јасно е дека односот помеѓу него и Македонија беше близок.
тутор на Александар : Диоген Лаертиј 5. 4; Плутарх, Александар 7. 2-8. 1. Аристотел исто така учел еден број врсници на Александар и другари, некои од кои подоцна ќе станат кралеви како Птолемеј од Египет.
училница која се уште може да се види : пространа соба исечена назад во природно камено лежиште со засеци за подршка на кровот и клупа за студентите е лесно повторно наполнета со луѓе во вообразбата на посетителот со Аристотел стоејќи во средина и Александар и неговите другари на клупата. Аристотел беше тој кој го советувал Александар да ги „третира Грците како да е нивен водач, другите народи како да е нивен господар“ (Плутарх, On the Fortune of Alexander 329B). Во случајов, Александар не го зема овој совет бидејќи неговите единствени сопруги беа негрчки ориенталки.
Аристотеловото издание на Хомер : Плутарх, Александар 8. 2.
основајќи градови и востанувајќи центри за учење : иако градови како Пергамон и Александрија во Египет станаа главни културни центри под наследниците на Александар (Аталидите и Птолемеидите, односно) Александрија беше која ги постави нивните основи. Видете го Диодор Сицилијски 20. 20. 1 и Јустин 13. 2, и Ариан 3. 1. 5, односно.
дури во Авганистан : ископувањата кај Аи Канум на северната граница на современиот Авганистан произведоа големи количества грчки натписи и дури остаток од философска расправа првобитно на папирус. Една од најинтересните е базата на посветата од некој Клеарх, можеби познатиот студент на Аристотел, кој го бележи донесувањето во овој нов грчки град, Александрија на Оксус, на традиционалните максими од светилиштето на Аполон во Делфи кои се однесуваат на петте возрасти на мажот:
- Во детството, пристојност
- Во младоста, самоконтрола
- Во средната возраст, правда
- Во старата возраст, мудар совет
- Во смрт, безболност
Натписот на Клеарх, околу 300 г. п. н. е, сега во музејот во Кабул.
За понатамошна информација околу грчкиот карактер на Аи Канум, видете Robin Lane Fox, The Search for Alexander (London 1980) 425-433, и сликите на страните 390-393, и на други места; и Paul Bernard, Les fouilles d'Ai Khanum (Paris 1973).
Словените и нивниот јазик не беа никаде блиску до Александар или неговата татковина се до 1. 000 години подоцна : види погоре
Древните Пајонци : древните Пајонци можеби биле од хеленски сој, но релативно малку се знае за нив, делумно бидејќи „ниту еден пајонски Филип не ја доминирал Грција, и ниту еден пајонски Александар не го освоил познатиот свет“ ( Irwin L. Merker, “The Ancient Kingdom of Paionia, ” Balkan Studies 6 (1965) 35).
Сепак, тие се јавуваат веќе во Тројанската војна (иако на тројанска страна; Хомер, Илијада 2. 848-850, 16. 287-291, 17. 348-351). Нивната конфронтација со Персијсците е забележана од Херодот (5. 1, 12-17). Тие се бореле против Филип кој ги потчинил и со Александар против Персијсците, посебно во Битката кај Гавгамела во 331 г. п. н. е. (Квинт Куртиус, Историјата на Александар 4. 9. 24-25. )
Тие уживаа, дури повеќе под Македонците, одредено ниво на автономија како што е покажано од нивните преговори со Атина (IG II2 127) и многу монети ковани под серија на пајонски кралеви, чии имиња се грчки и напишани на грчки на монетите. Видете го на пример, следново сребрено издание на Патраос, веројатно представувајќи го убивањето на персиски сатрап од Пајонецот Аристон како што е кажано од Квинт Куртиј (види погоре):
Дури повеќе битно за асимилацијата на Пајонија во грчкиот свет се посветите на статуите на Пајонските кралеви направени кај Делфи и Олимпија, и посебно бронзената глава на пајонски бизон, исто во Делфи. Види See BCH 1950:22, Inschriften von Olympia 303; and Паузаниј 10. 13. 1, односно.
грковидни : : Пајонците не се забележани како победници во Олимписките или другите Панхеленски игри. Ова може, се разбира, да биде одраз на недостаток на атлетска способност попрво отколку на недостаток на Хеленство.
територијални аспирации : : Ќе забележиме дека во 1929, во напор да ги претопи бунтовните локални идентитети во унифицирана југословенска нација, Кралот Александар од Југославија го нарече регионот Вардарска провинција, по главната река која тече низ него. Видете ја, на пример, југословенската поштенска марка од 1939 со античка Пајонија означена со името Вардарска.
Овој напор да се намалат етничките тензии беше отповикан од Тито, кој ко ползуваше „македонскиот“ идентитет како средство за влијание против грчките и бугарските соседи на Југославија. (Зло)употребата на името Македонија во тоа време беше признаена од Стејт Департментот на Соединетите Држави во известувањето од 26 декември 1944, од тогашниот Државен секретар Едвард Стетиниус:
„Департментот [на државата] забележи со значителна грижа зголемување на пропагандни гласини и полуофицијални изјави во полза на автономна Македонија, потекнувајќи воглавном од Бугарија, но исто и од југословенските партизани и други извори, со импликација дека грчка територија ќе биде вклучена во проектираната држава. Оваа влада смета дека говорот за македонска „нација“, македонска „татковина“, или македонска „национална свест“ е неоправдана демагогија која не претставува ниту етничка ниту политичка реалност, и гледа на неговото сегашно оживување како на можно покритие за агресивни намери против Грција“
[Извор: U. S. State Department, Foreign Relations vol viii,
Washington, D. C. , Circular Airgram (868. 014/26Dec1944)]
Оваа мапа ја покажува „вистинска“ Македонија (на словенски) која ги вклучува Древна Пајонија, грчката провинција Македонија (историјска Македонија), и дел од југозападна Бугарија (која исто била населена со пајонски племиња во древни времиња).
Други мапи, како оваа горе во учебник по историја за 8 одделение во 2005, тврди дека, од 1913 и потоа, „Македонија“ вклучувала делови окупирани од Албанија (жолто), Бугарија (виолетово) и Грција (црвено).
Белата Кула од Тесалоники во грчка Македонија, пред Егејското море, е централна декорација на оваа банкнота отпечатена во Скопје, во 1991.
безобразно го исмејува и провоцира својот сосед : соодветна аналогија е на рака ако замислиме одреден голем остров вон југоисточниот брег на Соединетите Држави менувајќи си го името во Флорида, декорирајќи ја својата валута со слики на Disney World и дистрибуирајќи мапи кои ја покажуваат „Голема Флорида“.
карактеризира таквото однесување : : „'Тоа е лудило', воздивнува еден дипломат“ (The Economist Април 2, 2009).
Letter to President Obama
-
- On May 18th, 2009,
200 Classical Scholars from around the world, sent a letter to the President of the United States of America, Barack Obama. - On June 22nd, 2009,
an update with 332 signatures was sent.
Since then, the list of cosigners has grown to 376, see Addenda.
- On May 18th, 2009,
Macedonian coin, stating in Greek: "ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΥ"
(in English: "ALEXANDER'S")